07.03.2011
Деновиве РЕ Паркови и зеленило работи на расчистување на Градскиот парк од трупци и корења, деградирана жива ограда, и искршени клупи и корпи. Освен тоа, се врши и длабока обработка на почвата како припрема за пролетно садење и уредување на паркот.
РЕ Паркови и зеленило работат и на кроење на гранки од дрвја и грмушки по сите јавни зелени површини во градот, а кај црквата Св. Спас работат на хортикултурно уредување со цветни грмушки на новоподигната жардињера.
При крај е и садењето на розите од проектот „7000 рози за Велес“ на повеќе локации во градот, кои експертите ги препорачаа, екологистите ги обезбедија, а велешани заедно со вработените од ЈКП Дервен ги засадија, а кои треба да ги извадат тешките метали од почвата во градот.
Од неодамна завршените активности може да спомне новоподигнатата зелена површина на ул. Славе Георгиев-Сватот, која е хортикултурно уредена од страна на стручни лица од ЈКП Дервен, како и садењето на 150 чемпреси како продолжување на постоечката жива ограда од зимзелени садници, 40 листопадни садници и 50 цветни грмушки на новите градски гробишта кај Раштани.