Лицитација на половни возила
ЈКП ДЕРВЕН Велес, врз основа на Одлуката на Управниот одбор на претпријатието бр.02-675 од 09.03.2011 год., објавува
ЈАВНА ПРОДАЖБА – Л И Ц И Т А Ц И Ј А
Се известуваат сите правни и физички лица дека се врши продажба на следните возила, сопственост на ЈКП ДЕРВЕН Велес:
1. Патничко моторно возило марка ЗАСТАВА, тип 101 ПОЛИ, со рег. бр.VE 686 BМ, број на шасија 01069544, број на мотор 1503623, сила на моторот 40 KW, работна за фатнина на моторот 1116 цм3, година на производство 1992 год., возилото не е во возна состојба – нерегистрирано.
Почетната цена на возилото изнесува 37.080,00 денари.
2. Патничко моторно возило марка ЗАСТАВА ЈУГО, тип СКАЛА 101 ПОЛИ, со рег.број VE 624 AZ, број на шасија VX1128A0001076481, број на мотор 1516814, сила на моторот 40 KW, работна зафатнина на моторот 1116 цм3, година на производство 1995 год., во возна состојба, регистрирано до 24.06.2011 год.
Почетната цена на возилото изнесува 33.990,00 денари.
3. Специјално погребално моторно возило марка ЛАДА, тип НИВА 2121, со рег. бројVE 920 BA, со број на шасија 0743255, број на мотор 0937407, сила на моторот 56 KW, година на производство 1990 год., работна зафатнина на моторот 1570 цм3, возилото не е во возна состојба – нерегистрирано.
Почетната цена на возилото изнесува 67.980,00 денари.
4. Специјално погребално моторно возило марка LADA WAZ, тип LADA 2121 NIVA, со рег.број VE 053 BP, број на шасија 0735807, број на мотор 0878948, сила на моторот 56 KW, година на производство 1990 год., работна зафатнина на моторот 1570 цм3, возилото е во возна состојба, регистрирано е до 22.06.2011 година.
Почетната цена на возилото изнесува 67.980,00 денари.
5. Патничко моторно возило марка LADA, тип NIVA 1600 TNG, со рег.број VE 598 BM, со број на шасија HTA212100J0648058, број на мотор 0211831, сила на моторот 56 KW, година на производство 1988 год., работна за фатнина на моторот 1570 цм3, возилото не е во возна состојба – нерегистрирано.
Почетната цена на возилото изнесува 30.900,00 денари.
6. Патничко моторно возило марка ЈУГО, тип СКАЛА 128, со рег. број VE 306 BN, број на шасија 06201201, број на мотор 1339062, сила на моторот 40 KW, година на производство 1989 год., работна зафатнина на моторот 1116 цм3, возилото е во возна сосотојба, регистрирано е до 10.05.2011 година.
Почетна цена на возилото изнесува 27.810,00 денари.
Цените на возилата се без пресметан ДДВ.
Заинтересираните правни и физички лица за купување на возилата треба да уплатат 10% од почетната вредност на возилата како гаранција на жиро сметка 300270000004921 при Комерцијална банка Велес.
Продажбата се врши на принцип видено-купено.
Лицитацијата ќе се одржи на ден 24.03.2011 год. со почеток во 10,00 часот во Автомеханичарската работилница на ЈКП ДЕРВЕН Велес во нас. ТУНЕЛ во Велес.
Купувачот е должен да ја уплати утврдената цена на возилата на лицитацијата најкасно во рок од 5 (пет) дена од денот на продажбата, во спротивно го губи правото на враќање на гаранцијата.
На останатите понудувачи уплатените средства на име гаранција ќе им бидат вратени во рок од 3 (три) дена по завршувањето на лицитацијата.
Сите обврски кои произлегуваат од продажбата (ДДВ, данок на промет, заверка и сите други трошоци поврзани со купопродажбата) паѓаат на терет на купувачот.
За подетални информации заинтересираните лица можат да се јават на телефон 043/231-011 и 043/239-144.
22ри МАРТ – СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА
На иницијатива на Меѓународната асоцијација на вода и УНЕСКО во1993 година, во многу земји во светот 22 Март е прогласен за Ден на водата.
Водата е скапоцена затоа што без неа нема да постои живот. И покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја вода има во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење.
Како што бројот на населението во светот расте, се зголемуваат и потребите од вода за пиење.
o 1,1 милијарди луѓе на Земјата немаат константен пристап до здравствено исправна вода за пиење, а 2,4 милијарди немаат пристап до вода за одржување на хигиената ниту пак канализација.
o Во последниве 30 години земјоделското производство се зголеми за повеќе од 100%, а 3/4 од вкупно потрошената вода се троши за земјоделското производство.
o Недостатокот од вода значи несигурност во производството на храна, сиромаштија, глад и ширење на заразни болести.
Доколку сакаме сите да уживаме во нашите скапоцени резерви, мора да бидеме повнимателни како ги користиме.
Водата е скапоцена.
Ајде да ја заштитиме.
Во просек, секој човек во град Велес троши по 150л вода дневно! Но, може и помалку. Погледнете ги нашите совети за економично трошење на водата за пиење:
ВО ГРАДИНАТА
– При одржувањето на вашата градина, користете кофа а не црево за наводнување. При наводнувањето со црево се троши многу повеќе вода за време од еден час отколку што троши целото семејство на ден. И автомобилот може да се испере со кофи вода.
– Тревата може да опстане подолг период без да се наводни и брзо ќе се освежи при следниот дожд. Поставувањето на сечилата од косилката на повисоко ниво ќе помогне во спречувањето тревата да се исуши при топло време.
– Собирајте ја дождовната вода!!! Таа е одлична за вашата градина. Соберете ја од олуците во буре за вода и искористете ја за наводнување на вашата градина.
ВО ДОМОТ
– Осигурајте се дека вашето тоалетно казанче е исправно и дека никаде во домот нема цевка што протекува.
– Не ја трошете целата вода од тоалетното казанче наеднаш.
– Пуштајте ги машините за перење алишта или садови само кога се наполнети. Машината за перење троши и до 65 л вода, а машините за миење садови до 20л.
– Не оставајте водата од чешмата да тече додека ги миете забите. Затворањето на чешмата додека ги миете забите може да заштеди повеќе од 7.000 литри вода годишно
– Намалете го времето што го минете под тушот. Туширање со нормален млаз ќе потроши околу 35л вода за 5 минути, но внимавајте!!! Туширањето со силен млаз на вода ќе потроши повеќе од 125л за истото време.
ДА ЈА ШТЕДИМЕ ВОДАТА – СКАПОЦЕНА Е !!!
Известување 21.03.2011
Во акцијата за одбележување на 21ви Март, Денот на пролетта, а во организација на локалната самоуправа и еколошкото друштво Вила Зора, во текот на вчерашниот ден вработените од ЈКП Дервен работеа на чистење на локацијата околу Спомен костурницата, ископ на дупки за садење на садници и озеленување на теренот. За потребите на оваа акција РЕ Паркови и зеленило при ЈКП Дервен обезбеди околу 150 садници од сопствено производство, од кои најголем дел се разни видови на цветни и зимзелени грмушки, како и садници од јасен.
Во акцијата, освен вработените од ЈКП Дервен зедоа учество и граѓаните, како и претставници од локалната самоуправа и невладините организации од градот.
07.03.2011
Деновиве РЕ Паркови и зеленило работи на расчистување на Градскиот парк од трупци и корења, деградирана жива ограда, и искршени клупи и корпи. Освен тоа, се врши и длабока обработка на почвата како припрема за пролетно садење и уредување на паркот.
РЕ Паркови и зеленило работат и на кроење на гранки од дрвја и грмушки по сите јавни зелени површини во градот, а кај црквата Св. Спас работат на хортикултурно уредување со цветни грмушки на новоподигната жардињера.
При крај е и садењето на розите од проектот „7000 рози за Велес“ на повеќе локации во градот, кои експертите ги препорачаа, екологистите ги обезбедија, а велешани заедно со вработените од ЈКП Дервен ги засадија, а кои треба да ги извадат тешките метали од почвата во градот.
Од неодамна завршените активности може да спомне новоподигнатата зелена површина на ул. Славе Георгиев-Сватот, која е хортикултурно уредена од страна на стручни лица од ЈКП Дервен, како и садењето на 150 чемпреси како продолжување на постоечката жива ограда од зимзелени садници, 40 листопадни садници и 50 цветни грмушки на новите градски гробишта кај Раштани.
03.03.2011
Ги информираме граѓаните дека на 28.02.2011 година ЈКП Дервен започна со работните активности за чистење на пристапните патишта и патеки на градските гробишта, како и нивно хортикултурно уредување. Како управител на градските гробишта, а со цел да обезбеди поквалитетен сервис за граѓаните, ЈКП Дервен во иднина ќе се грижи за одржувањето на гробиштата и нивната инфраструктура, како и хортукултурно уредување на истите.
Известување 03.03.2011
Ги информираме граѓаните дека согласно Законот за гробишта и погребални услуги, од месец Февруари 2011 година, операторите со кои ЈКП Дервен има склучено договори се единствени овластени правни лица што вршат погреби на починати лица. Истовремено, ги информираме граѓаните дека продавницата за погребална опрема при ЈКП Дервен и понатаму врши продажба на погребална опрема.