08.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 08.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, уреден простор Народна кујна, Благој Ѓорев (од почеток до касарна), Петре Прличко, Димитар Влахов, Нада Бутникошарева, паркинг простор кај Градски пазар (горен дел), Архиепископ Михаил, Кирил и Методиј, Коле Неделков, Самоборска, плоштад Којник, и пешачки патеки со летниковци на е. Младост.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева околу повеќенаменското игралиште во Башино село, и на влезот во град Велес кај манастирот Св. Димитрија, прихранување на сите цветни и новонасадени јавни површини, како и кроење на рози на ул. Алексо Демниев (кај семафорите). Вработените од овој сектор работеа и на чистење плевел од површини посадени со цвеќе на повеќе локации во градот, како и на чистење на ситни отпадоци со помош на смукалка по патеките на паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот пред Гимназијата Кочо Рацин, Младинскиот парк и долж улицата Благој Ѓорев.