Во пресрет на државниот празник 11ти Октомври, РЕ Комунална хигиена ги ангажира вработените во активности за уредување на пристапниот пат до Спомен Костурницата во градот. Работните активности опфаќаат чистење и миење на пристапните улици како и детално чистење на дел од улиците каде ќе се одржуваат манифестациите по повод празникот.
Деновиве, РЕ Паркови и зеленило работи на хортикултуно уредување на ул. Благој Ѓорев како дел од сезонските активности за разубавување на градот. Работни тимови од оваа единица засадуваат есенски цветен расад и го обновуваат постоечкото зеленило. По завршувањето на оваа активност, комуналците ќе продолжат со хортикултурно уредување – обнова на сезонскиот цветен расад пред градската библиотека „Бели Мугри“.