Известување 10.11.2010
Во тек е работна активност на РЕ Водовод за реконструкција на застарена водоводна линија на ул. Љубен Весов, при што старата, салонитна линија се заменува со нова, изработена од ПВЦ материјал. Работните тимови од ЈКП Дервен ќе вложат напори работата да ја завршат во текот на оваа седмица.
На ден 10ти Ноември, РЕ Водовод ќе работи на отстранување на дефект на водоводна линија на ул. Тодор Јанев, поради што без водоснабдување од 8:00 до 15:00 часот ќе останат следните локации:
– ул. Тодор Јанев
– ул. Стеван Бобев
– дел од ул. Игманска
– дел од ул. Сараевска
– дел од ул. Благој Ѓорев (на потегот од касарна Алексо Демниевски – Бауман кон населба Превалец)
– ул. Никола Вапцаров
– ул. Белградска
– ул. Невена Ѓеоргиева Дуња
– ул. Грозда Кочева
– ул. Славко Ѓоргиев – Сватот
– ул. Румена Хаџи-Панзова
– ул. Киро Пракицов
– ул. Димитрија Чуповски
– ул. Живко Фирфов
– ул. Славе Ефтовски
– ул. Петре Милевски
– ул. Киро Ќучук
– ул. Гемиџиска
– ул. Васил Главинов
– ул. Мицко Козар
– населба Превалец
– населба Керамидна
– с. Оризари
– Основно училиште Рајко Жинзифов
– КПД Долно Оризари
Работниот тим ќе вложи напори да го отстрани дефектот во најбрз можен рок. Се извинуваме поради непријатноста.