Вести 14.01.2011
На ден 12.01.2011 година РЕ Комунална хигиена работеше на чистење на муљ од бетонскиот дел на кејот покрај р. Вардар.
На ден 13.01.2011 година РЕ Комунална хигиена и РЕ Паркови и зеленило работеа на перење на кејот покрај р. Вардар и чистење на брегот од левата страна на р. Вардар од Мало мовче до паркинг местото кај градскиот пазар од неорганизирано зеленило, отпадоци и наноси од смет што при неодамнешните поплави се појавија долж брегот. Сиот собран смет беше утоварен и транспортиран до депонија.
Денеска, на ден 14.01.2011 година РЕ Комунална хигиена продолжува да работи на чистење на брегот од левата страна на р. Вардар и десната страна на р. Вардар од Мало мовче до Епархија.
Од наведените работни активности вкупно досега се изнесени 8 трактори смет.