ЈКП Дервен ги известува своите корисници дека поради неопходни работни активности на водоводна линија, денеска, на 21.01.2011 год, од 9:30 часот водоснабдувањето ќе биде прекинато на ул. Јовче Ќучук.
Благодариме за разбирањето.
Ги известуваме нашите корисници дека поради дефект на водоводна линија на ул. Богдан Каракостев, денеска, на 20.01.2011 год. во периодот од 12:00 до 14:00 часот, поради неопходни работни активности за отстранување на дефектот, водоснабдувањето ќе биде прекинато на ул. Богдан Каракостев и ул. Ганчо Хаџи Панзов.
Благодариме за разбирањето.
На ден 12.01.2011 година РЕ Комунална хигиена работеше на чистење на муљ од бетонскиот дел на кејот покрај р. Вардар.
На ден 13.01.2011 година РЕ Комунална хигиена и РЕ Паркови и зеленило работеа на перење на кејот покрај р. Вардар и чистење на брегот од левата страна на р. Вардар од Мало мовче до паркинг местото кај градскиот пазар од неорганизирано зеленило, отпадоци и наноси од смет што при неодамнешните поплави се појавија долж брегот. Сиот собран смет беше утоварен и транспортиран до депонија.
Денеска, на ден 14.01.2011 година РЕ Комунална хигиена продолжува да работи на чистење на брегот од левата страна на р. Вардар и десната страна на р. Вардар од Мало мовче до Епархија.
Од наведените работни активности вкупно досега се изнесени 8 трактори смет.
Ги известуваме граѓаните дека поради дефект на водоводна линија на ул. Луј Пастер, денеска на 13.01.2011 година, во 11 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето на ул. Камка Тоцинова, ул. Киро Чауле и дел од ул. Луј Пастер.
Работните тимови на РЕ Водовод ќе вложат напори да го отстранат дефектот во најкус можен рок.
Благодариме за разбирањето.
[googleMaps lat=41.72099, long=21.77274, addoverview=0, label=”ЈКП Дервен Велес” width=100% height=400 ]