Вести 14.10.2010
РЕ Паркови и зеленило деновиве работи на обновување на цветните жардињери на повеќе локации во градот. Завршено е засадување на нови цветни садници по поголемиот дел од ул. Благој Ѓорев, на зелената површина околу споменикот Алексо Демниевски – Бауман, пред градската бибилиотека Бели Мугри и во цветните жардињери на ул. Алексо Демниев.
Во моментов работните тимови на РЕ Паркови и зеленило засадуваат цветен расад од љубичици пред градската пошта и во централното градско подрачје.