Connect with us

Организација

Р.Е. Водовод и канализација

Р.Е. Водовод и канализација

Водоснабдување

Задача

Основна задача при извршување на оваа дејност е да се обезбеди квалитетно водоснабдување согласно законските прописи под што се подразбира корисниците да имаат здрава и чиста вода за пиење со соодветен квалитет и притисок, континуирано во текот на целата година.
Исто така обезбедуваме и вода за јавните потреби во градот, како што се поливање на зелените површини, перење на улиците, фонтани и друго.

Постоечка инфраструктура

Зафаќањето, доведувањето, преработката и дистрибуцијата на вода до потрошувачите се врши преку дистрибутивен систем кој се состои од следните делови:

  • времен зафат на р. Тополка за директно зафаќање на вода од реката со капацитет од 300 l/s

  • доводен цевковод од зафатот до постројката за преработка на вода со дијаметар од 1000 и 700мм со дилжина од 19,6 км.

  • постројка за преработка на вода со капацитет од 300 l/s

  • водоводни линии со дијаметар од 1” до 1000 mm со вкупна должина 72,1 km и изведени од различни видови на  материјал (пластични, салонитни, поцинкувани, лиено железни и челични)

  • 13 бунари со капацитет од 5 до 40 l/s и 17 пумпни и препумпни станици со снага од 7,5 до 110 kW

  • 8 резервоари со капацитет од 4.800 m3

  • број на приклучоци: 9.600, а број на водомери: 14.000

  • работилница за поправка и баждарење на водомери

  • приклучни линии за корисниците Ø ½ “ и ¾ “ со должина од 17.500m.

Количина на преработена и дистрибуирана вода 

Во последните три години на корисниците испорачувано е просечно по 3.000.000 m3 вода годишно. Од тоа за домаќинствата по 2.100.000 m3 годишно, а за претпријатијата, институциите и училиштата по 900.000 m3 годишно.

 

Канализација и отпадни води

Задача

Основна задача при извршување на оваа дејност е да обезбедиме современ начин на прифаќање, одведување и пречистување на комуналните отпадни води од корисниците (домаќинства, институции и претпријатија) согласно меѓународните стандарди, а со тоа и давање придонес во заштита на водите на река Вардар, како и животната средина во целина.

Постоечка инфраструктура

Одведувањето на отпадните фекални води во Велес се врши со канализационен систем (цевководи и шахти) кој се состои од:

  • канализациони линии со дијаметар од 150 до 600 mm изведени од различни материјали и старост, во должина од 47,9 km

  • 870 ревизиони шахти со различни димензии

  • број на приклучоци: 8.950

  • приклучни линии за корисниците Ø 100 – 150 mm, со должина од 13,3 km

Количина на одведена вода

Во последните три години одведувано е просечно по 2.800.000 m3 вода годишно, и тоа од домаќинствата по 1.980.000 m3 годишно, а за претпријатијата, институциите и училиштата по 820.000 m3 годишно.

Организација

Одбор за контрола над материјално финансиско работење

Членови на Одбор за контрола над материјално финансиско работење

1. Марјан Габеров – Претседател

2. Михајло Вчков – Заменик претседател
3. Стефан Кимовски – Член
4. Благој Цилаков – Член
5. Александар Шутев – Член

Continue Reading

Организација

Управен одбор

Членови на Управен одбор на ЈКП ДЕРВЕН – Велес

1. Александар Јаковлевски – Претседател
2. Македонка Василевска – Заменик претседател
3. Мартин Јакимовски – Член
4. Дарко Димовски – Член
5. Димитар Влаинов – Член

Continue Reading

Организација

Фабрика за третман на вода за пиење

Фабрика за третман на вода за пиење

Фабриката за преработка на вода за пиење се снабдува со сирова вода од акумулацијата на хидросистемот “Лисиче”.  Истата започна со работа од 1991 год. со максимален капацитет од 300л/с, кој сега е зголемен на 500л/с. Во склоп на фабриката функционира и лабораторија за следење на квалитетот на водата. Водоводниот систем во градот се состои од дванаесет резервоари со капацитет од 7.760м3, водоводни линии со вкупна должина од 94.874м‘ изведени од различни видови на материјали, 5 препумпни станици и 17.021 водомери.

Доводниот цевковод од акумулацијата на хидросистемот „Лисиче“ со дијаметар од 1000 мм и 700 мм и со должина од 21.500 м е проектиран за капацитет од 600л/с.
Врз основа на претходно изнесените податоци предвидена е процесна линија која ги опфаќа следните елементи:

  • Систем за регулација на дотурот на сирова вода
  • Претходно озонирање со алтернатива од предхлорирање
  • Таложење со предходно дозирање на коагулациони и флокулациони средства
  • Меѓуфазно озонирање
  • Филтрација на брзи песочни филтри
  • Дезинфекција на водата со хлор во резервоарот за чиста вода
  • Систем за корекција на pH – вредноста
  • Завршно автоматско хлорирање во одводниот цевовод
Continue Reading