Connect with us

Организација

Р.Е. Комунална хигиена

Р.Е. Комунална хигиена

Во услугите од Комунална хигиена спаѓа: собирање т.е. товарање и транспортирање на смет од индивидуалните станбени површни, корисните површини на правните лица и негово изнесување и сместување во депонија, чистење на јавно прометни површини и вршење на погребални услуги.

Овие дејности претпријатието ги обавува преку работната единица “Комунална хигиена” која е организирана во:

– оддел за “Индивидуална комунална хигиена”,
– оддел за “Јавна комунална хигиена”,
– оддел за одржување на возниот парк и
– оддел за погребални услуги.

Физичкиот обем на услугите за оваа Р.Е. е дефиниран преку регистрираните површини од кои се изнесува сметот.

Организација

Одбор за контрола над материјално финансиско работење

Членови на Одбор за контрола над материјално финансиско работење

1. Марјан Габеров – Претседател

2. Михајло Вчков – Заменик претседател
3. Стефан Кимовски – Член
4. Благој Цилаков – Член
5. Александар Шутев – Член

Continue Reading

Организација

Управен одбор

Членови на Управен одбор на ЈКП ДЕРВЕН – Велес

1. Александар Јаковлевски – Претседател
2. Македонка Василевска – Заменик претседател
3. Мартин Јакимовски – Член
4. Дарко Димовски – Член
5. Димитар Влаинов – Член

Continue Reading

Организација

Фабрика за третман на вода за пиење

Фабрика за третман на вода за пиење

Фабриката за преработка на вода за пиење се снабдува со сирова вода од акумулацијата на хидросистемот “Лисиче”.  Истата започна со работа од 1991 год. со максимален капацитет од 300л/с, кој сега е зголемен на 500л/с. Во склоп на фабриката функционира и лабораторија за следење на квалитетот на водата. Водоводниот систем во градот се состои од дванаесет резервоари со капацитет од 7.760м3, водоводни линии со вкупна должина од 94.874м‘ изведени од различни видови на материјали, 5 препумпни станици и 17.021 водомери.

Доводниот цевковод од акумулацијата на хидросистемот „Лисиче“ со дијаметар од 1000 мм и 700 мм и со должина од 21.500 м е проектиран за капацитет од 600л/с.
Врз основа на претходно изнесените податоци предвидена е процесна линија која ги опфаќа следните елементи:

  • Систем за регулација на дотурот на сирова вода
  • Претходно озонирање со алтернатива од предхлорирање
  • Таложење со предходно дозирање на коагулациони и флокулациони средства
  • Меѓуфазно озонирање
  • Филтрација на брзи песочни филтри
  • Дезинфекција на водата со хлор во резервоарот за чиста вода
  • Систем за корекција на pH – вредноста
  • Завршно автоматско хлорирање во одводниот цевовод
Continue Reading