Connect with us

Организација

Р.Е. Паркови и зеленило

Р.Е. Паркови и зеленило

Основни дејности на Р.Е. Паркови и зеленило се:

  • Подигнување, уредување и одржување на парковите во градот;

  • Подигнување, уредување и одржување на скверовите во градот;

  • Подигнување, уредување и одржување на дрворедите во градот;

  • Уредување и озеленување на жардењери и нивно одржување;

  • Уредување на парковите со парковски елементи и нивно одржување;

  • Уредување и одржување на патеки, мостови и друго во парковски површини;

  • Одржување на историски спомен одбележја на подрачјето на градот;

Начинот и интензитетот на одржувањето се менливи елементи и се во функција од климатските услови, потребите на градот, структурата на зеленилото, неговата распространетост, техничко технолошкиот развој на струката, расположивите финансиски средства и друго.

Во склоп на РЕ "Паркови и зеленило" се врши и производство на цветен расад за потребите на цветните површини во градот како и дошколување на зимзелен и листопаден материјал и давање на сите други услуги кои произлегуваат од областа на хортикултурната и пејсажната структура, а во врска со одржувањето на зеленилото и парковите.
Исто така оваа Р.Е. врши одржување и подигање на зеленило и за потребите на објектите на ЈКП ДЕРВЕН како што се: првите заштитни зони околу бунарите, фабриката за вода, депонијата за смет и хортикултурно уредување на просторот на новите градски гробишта.

Организација

Одбор за контрола над материјално финансиско работење

Членови на Одбор за контрола над материјално финансиско работење

1. Марјан Габеров – Претседател

2. Михајло Вчков – Заменик претседател
3. Стефан Кимовски – Член
4. Благој Цилаков – Член
5. Александар Шутев – Член

Continue Reading

Организација

Управен одбор

Членови на Управен одбор на ЈКП ДЕРВЕН – Велес

1. Александар Јаковлевски – Претседател
2. Македонка Василевска – Заменик претседател
3. Мартин Јакимовски – Член
4. Дарко Димовски – Член
5. Димитар Влаинов – Член

Continue Reading

Организација

Фабрика за третман на вода за пиење

Фабрика за третман на вода за пиење

Фабриката за преработка на вода за пиење се снабдува со сирова вода од акумулацијата на хидросистемот “Лисиче”.  Истата започна со работа од 1991 год. со максимален капацитет од 300л/с, кој сега е зголемен на 500л/с. Во склоп на фабриката функционира и лабораторија за следење на квалитетот на водата. Водоводниот систем во градот се состои од дванаесет резервоари со капацитет од 7.760м3, водоводни линии со вкупна должина од 94.874м‘ изведени од различни видови на материјали, 5 препумпни станици и 17.021 водомери.

Доводниот цевковод од акумулацијата на хидросистемот „Лисиче“ со дијаметар од 1000 мм и 700 мм и со должина од 21.500 м е проектиран за капацитет од 600л/с.
Врз основа на претходно изнесените податоци предвидена е процесна линија која ги опфаќа следните елементи:

  • Систем за регулација на дотурот на сирова вода
  • Претходно озонирање со алтернатива од предхлорирање
  • Таложење со предходно дозирање на коагулациони и флокулациони средства
  • Меѓуфазно озонирање
  • Филтрација на брзи песочни филтри
  • Дезинфекција на водата со хлор во резервоарот за чиста вода
  • Систем за корекција на pH – вредноста
  • Завршно автоматско хлорирање во одводниот цевовод
Continue Reading