24/09/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Фабрика за третман на вода за пиење

1 min read

Фабрика за третман на вода за пиење

Фабриката за преработка на вода за пиење се снабдува со сирова вода од акумулацијата на хидросистемот “Лисиче”.  Истата започна со работа од 1991 год. со максимален капацитет од 300л/с, кој сега е зголемен на 500л/с. Во склоп на фабриката функционира и лабораторија за следење на квалитетот на водата. Водоводниот систем во градот се состои од дванаесет резервоари со капацитет од 7.760м3, водоводни линии со вкупна должина од 94.874м‘ изведени од различни видови на материјали, 5 препумпни станици и 17.021 водомери.

Доводниот цевковод од акумулацијата на хидросистемот „Лисиче“ со дијаметар од 1000 мм и 700 мм и со должина од 21.500 м е проектиран за капацитет од 600л/с.
Врз основа на претходно изнесените податоци предвидена е процесна линија која ги опфаќа следните елементи:

  • Систем за регулација на дотурот на сирова вода
  • Претходно озонирање со алтернатива од предхлорирање
  • Таложење со предходно дозирање на коагулациони и флокулациони средства
  • Меѓуфазно озонирање
  • Филтрација на брзи песочни филтри
  • Дезинфекција на водата со хлор во резервоарот за чиста вода
  • Систем за корекција на pH – вредноста
  • Завршно автоматско хлорирање во одводниот цевовод
Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.