Услуги
Прва фаза 1. Издавање на хидротехнички услови за проектирање (за физички и правни лица) Втора фаза – Барање (и за правни и за физички лица) за следните услуги: 1. Приклучување на нов објект За реализирање на сите претходно наведени услуги, потребно е сите долгови спрема ЈКП ДЕРВЕН да бидат подмирени. |
За горенаведените барања обратете се кај лицето Родна Јанева, во Управната зграда на ЈКП ДЕРВЕН (приземје), или на тел: 043 231011, локал 136. |
Водомери
|
За сите видови проблеми со водомерите, обратете се кај лицето Марјан Тодоров, во Управната зграда на ЈКП ДЕРВЕН (приземје), или на тел: 043 231011, локал 124. Напомена: Согласно член 29 од Законот за снабдување во вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, корисниците се должни да им овозможат пристап на овластените лица од страна на давателот на услугата – ЈКП Дервен заради читање на водомери и одржување на водоводниот приклучок. Според член 30 од истиот закон, доколку водомерот е неисправен, закочен, стопен и слично, и не може да се утврди потрошената количина на вода, корисникот е должен за ова да го извести давателот на услугата во рок од три дена. Давателот на услугата, пак, е должен да постави исправен водомер на сметка на корисникот на услугата. До поставување на исправен водомер, пресметката и наплатата ќе се вршат врз основа на годишната просечна потрошувачка пред констатирањето на неисправноста на водомерот. Доколку во рок од три дена корисникот не го извести давателот на услугата за неисправноста на водомерот кој е во негова сопственост, за ова ќе биде известен комуналниот инспектор, и според член 44 од законот се предвидуваат парични казни од € 300 до 400 во денарска противвредност. |