Ноќното собирање на смет се укинува, се воведува дневно собирање на смет
Ги известуваме граѓаните на Велес дека согласно Одлука донесена од страна на Советот на Општина Велес, од 18.04.2022 година, ЈКП Дервен ќе врши дневно собирање на смет, два пати неделно, шест дена во неделата (од понеделник до сабота) вклучувајќи и државни празници, а во централното градско подрачје и по главните сообраќајници секој ден, во периодот од 7.00 до 14.00 часот (понеделник – петок) и во сабота од 7.00 до 12.00 часот. Во централното градско подрачје и долж главните сообраќајници собирање на смет ќе се врши и дополнително од 17.00 до 22.00 часот.
Се замолуваат граѓаните сметот да го изнесуваат во периодот од 6.00 до 7.00 часот во деновите определени за собирање на смет.