Продажба на движни ствари
Врз основа на член 4,24,25,26,27,28,29, 41,42 и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15,190/16, 21/18,101/19 и 275/19), и Одлука за оттуѓување со продажба на старо неупотребливо железо,плех, бакар и алуминиум, со број 02-279/5 од 03.02.2023 година на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес, во име и за сметка на ЈКП „Дервен“ Велес, ја дава следната
ЈАВНА ОБЈАВА бр.7/2023
(втора објава)
за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, заради продажба на движни ствари
во сопственост на ЈКП „Дервен“ Велес,
со електронско јавно наддавање
- ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ
1.Предмет на електронско јавно наддавање е продажба на движни ствари-старо неупотребливо железо и лим, кое се продава согласно Одлука за оттуѓување со продажба на старо неупотребливо железо,плех, бакар и алуминиум, со број 02-279/5 од 03.02.2023 година на Управниот одбор на ЈКП „Дервен“ Велес, во согласност со Извештај за проценка на вредноста на подвижен имот и транспортни средства–расходовани средства сопственост на ЈКП ДЕРВЕН Велес,бр.254/1 од 25.09.2023 година, дадени во прилог на табелата:
Јавната објава во целост можете да ја погледнете на следниот линк:
Јавна објава бр.7/23 (втора објава)
Јавна објава бр.7/23 (комисија)
Документацијата (пријава,банкарска гаранција и друго) за учество на јавното наддавање учесниците електронски ја доставуваат најдоцна до 30.11.2023 година(четврток) најдоцна до 08:00 часот.