Известување 21.03.2011
Во акцијата за одбележување на 21ви Март, Денот на пролетта, а во организација на локалната самоуправа и еколошкото друштво Вила Зора, во текот на вчерашниот ден вработените од ЈКП Дервен работеа на чистење на локацијата околу Спомен костурницата, ископ на дупки за садење на садници и озеленување на теренот. За потребите на оваа акција РЕ Паркови и зеленило при ЈКП Дервен обезбеди околу 150 садници од сопствено производство, од кои најголем дел се разни видови на цветни и зимзелени грмушки, како и садници од јасен.
Во акцијата, освен вработените од ЈКП Дервен зедоа учество и граѓаните, како и претставници од локалната самоуправа и невладините организации од градот.