Известување 22.10.2020

Во соработка со Општина Велес и Територијалната противпожарна единица од Велес, а во рамки на активностите за заштита на населението од ширењето на Корона вирусот, ЈКП Дервен денеска врши дезинфекција на пофреквентните улици и јавно-прометни површини во градот, односно пред сите поголеми маркети, железничката станица, пазарот во Нова населба, плоштадите С’рмаале, Којник и Панко Брашнар, просторот пред комплекс банки во централното градско подрачје, градскиот парк вклучително со рекреативната патека, Младинскиот парк, улиците Благој Ѓорев и 8 Септември заедно со тротоарите, ул. Максим Горки, Вера Циривири и Димитар Влахов.