Вести 22.09.2010
РЕ Паркови и зеленило започна со работните активности за есенско садење на цвеќиња во жардиниерите на повеќе локации во градот. За почеток со нов цветен расад се разубавува централниот дел од градот, поточно жардиниерите на кружниот тек и наспроти подружницата на Стопанска банка. Истовремено, работните тимови од оваа единица работат на редовно одржување на јавните зелени површинипреку косење на тревата и отстранување на диво изникнатото зеленило.