СООПШТЕНИЕ за жителите од повисоките делови од градот!
СООПШТЕНИЕ
Ги замолуваме граѓаните кои живеат на повисоките зони од градот, поради непристапноста на улиците за камионите и тракторите за собирање на смет, доколку се во можност кесите со смет да ги оставаат на пониските места каде што има поставено контејнери.
Штом се создадат услови за непречено движење на возилата, услугата повторно ќе биде воспоставена со собирање на смет од врата на врата.
Благодариме за разбирањето.
Прекин на водоснабдување на ден 19.02.2018 во с.Оризари
Се известуваат жителите на с. Оризари дека поради неопходни работни активности во препумпната станица ќе има прекин на водоснабувањето во понеделник (19.02.2018), од 10:00-14:00 часот.
Ви благодариме за разбирањето.
Информација за честите дефекти на ул. Киро Ќучук, Гемиџиска, Васил Главинов, Мицко Козар и ул. Првомајска
ИНФОРМАЦИЈА
Почитувани,
Поради многуте реакции на наши сограѓани за честите прекини на водоснабдувањето на ул. Киро Ќучук, Гемиџиска, Васил Главинов, Мицко Козар и ул. Првомајска кои се случуваат веќе подолг временски период, во интерес граѓаните да бидат правилно информирани за реалната ситуација, а особено жителите на горенаведените улици, Ве информирам за следното:
При моето доаѓање на функција како Директор на ЈКП Дервен, бев запознат со проблемот со честите прекини на водоснабдувањето на ул.Киро Ќучук, Гемиџиска, Васил Главинов, Мицко Козар и ул. Првомајска.
Се работи за неколку проблеми поврзани со реконструкцијата на водоводните линии на наведените улици. Во врска со ова ги утврдив следните неправилности:
Реконструкцијата на водоводни линии во целиот реон во кој спаѓаат горенаведените улици била изведена од страна на изведувач ангажиран од страна на Министерството за транспорт и врски. За квалитетот на новите водоводни линии ЈКП Дервен не може да гарантира, затоа што се набавени и изработени од изведувачот ангажиран од страна на Министерството. Исто така, дел од приклучните линии од новите главни водоводни линии до дворовите на корисниците, во моментот кога ЈКП Дервен ги превземал, биле веќе поставени од страна на изведувачот, и веќе се случија неколку дефекти на истите.
ЈКП Дервен пак, додека изведувачот вршел реконструкцијата на линиите истовремено не работеле на изведба на приклучоците за домаќинствата, па дури откако линиите биле изведени и затрупани почнале да работат на приклучоците. Ова подразбира дека повторно се раскопувале улиците. И самото приклучување на домаќинствата било вршено неорганизирано, а не улица по улица. Заради неорганизираното работење на приклучоците, често била пуштана и запирана водата во старите водоводни линии (кои се азбест цементни) и тоа доведувало до чести дефекти на овие линии.
Недоработените приклучоци допринеле во моментов во функција да бидат и старите и новите водоводни линии. Сеуште има приклучоци што не се поврзани на новите линии, односно не биле претходно испланирани, и тие се наоѓаат на различни улици од реонот. Поради приклучување на заостанатите приклучоци (кои се моментално на старата линија) во наредниот период ќе има прекини на водоснабдувањето, односно, во наредниот период ЈКП Дервен мора повторно да ги раскопува улиците и во моментот на приклучување да го прекинува водоснабдувањето. За разлика од досега, ова ќе се врши улица по улица, за да не се повторат претходните грешки, и очекувам овие работни активности да завршат во најбрз можен рок.
Со почит,
Ѓорги Стојанов
ВД Директор
ЈКП Дервен – Велес
Прекин на водоснабдување на ден 15.01.2018
На ден 15.01.2018 година, поради неопходни работни активности ќе има прекин на водоснабдувањето на ул. 8 Септември, од 09.00 часот до завршување на работните активности.
Се извинуваме за непријатноста.
Украдени нови 15 садници од градскиот парк
Откако пред два дена од страна на несовесни граѓани беа украдени 16 свежо засадени зимзелени садници од бор и туја од градскиот парк, високи по 2 метра, вчера од страна на несовесни граѓани беа украдени уште 15 садници на зимзелени дрвја.
Апелираме до граѓаните за повисока свест, затоа што во услови на голема загаденост на воздухот секоја мерка како што е засадување на дрвја, која ќе делува долгорочно на квалитетот на воздухот, треба да се поздрави, а не да се предизвикува штета.
Се молат граѓаните, доколку забележат дека некој краде садници од јавните зелени површини, истото да го пријават кај надлежните во Општина Велес или ЈКП Дервен.
Препорака до граѓаните: заштитете ги водомерите од ниските температури!
На самиот почеток од зимата, препорака до граѓаните кои досега не ги заштитиле своите водомери од замрзнување е истото да го сторат, така што ќе ја завиткаат водомерната инсталација со дебела ткаенина и ќе ги затворат вентилите на чешмите во дворовите.
Во случај да им замрзне водоводната инсталација, граѓаните треба да внимаваат кога ги одмрзнуваат цевките користејќи грејни тела – тоа да го прават внимателно и на одредена оддалеченост од инсталацијата, и во никој случај да не користат директен пламен врз цевките или водомерот, затоа што може да предзвикаат оштетување, особено ако цевката е пластична.
“АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА“
Општина Велес, ЈКП Дервен и организацијата „Нула отпад Скопје“ организираат “АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА“.
Целта е да се заштити животната средина од опасен отпад.
Во отпад од електрична и електронска опрема спаѓа: – големи домашни апарати, – мали домашни апарати, – компјутерска опрема, – електронска опрема, – опрема за осветлување, – електрични и електронски апарати, – електронски играчки и опрема, – кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони – батерии и акумулатори Акцијата ќе се реализира од 10 до 30 ноември 2017 година.
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во акција можат да се јават на телефонскиот број 070/233-768 секој работен ден од 07:00 до 14:00 часот.
Отпадот од електрична и електронска опрема ЈКП Дервен бесплатно ќе го превземе од Вашите домови и при тоа на граѓаните ќе им издаде изјава за примопредавање.
Известување 27.10.2017
Времен прекин на водоснабдувањето на ул. Мицко Козар
Ги известуваме жителите на ул. Мицко Козар дека поради неопходни работни активности за поставување на куќни приклучоци на новата водоводна линија долж улицата, на 09.10.2017 (понеделник) и 10.10.2017 (вторник), ќе има прекин на водоснабдувањето во периодот од 09.00 до 15.00 часот.