Сите можеме да придонесеме за подобра животна средина
Почитувани сограѓани,
Јавните површини припаѓаат на сите.
Кога ќе излеземе надвор од нашиот дом се движиме по улиците и тротоарите, возиме велосипед, се одмараме на градските клупи, шетаме во парковите и зелените површини, ја користиме урбаната опрема.
Одржувањето на јавните површини е должност на локалната самоуправа, а грижата е подеднаква и на граѓаните и на комуналните работници.
Градот ќе ни биде толку убав, колку што ќе ни биде чист.
Чистите улици и тротоари и чувањето на урбаната опрема се наша заедничка обврска.
Ние, службите задолжени за јавната чистота во Општина Велес и ЈКП Дервен ќе сториме се градот да биде чист и убав, а во ова потполно ќе успееме единствено со Ваша поддршка.
Ние ги метеме и миеме улиците, Вие погрижете се да останат чисти.
– Фрлајте го отпадот при прошетка во корпите поставени во пешачката зона – ние ќе ги испразниме.
– Доколку пушите цигари надвор од дома, отпушоците фрлајте ги во корпите за отпадоци, откако претходно сте ги изгаснале.
– Доколку шетате домашни миленици, соберете ги отпадоците што остануваат од нив.
– Отпадот од Вашите домаќинства изнесувајте го 2-3 часа пред утврдениот термин за собирање на отпадот, така ќе се спречи уличните кучиња и мачки да го растурат.
– Снегот и мразот во зимски услови на јавните површини ќе го исчистиме ние, Вие ќе го направите тоа пред Вашите домови.
– Градежниот шут не го фрлајте во контејнерите за смет – тие се наменети исклучиво за смет од домаќинствата. Однесете го на Депонијата за градежен шут.
– Приклучете се кон општинските акции за собирање на различни видови отпад.
– Селектирајте! Отпадот не е ѓубре туку ресурс.
Наша цел е да го подигнеме квалитетот на животот на граѓаните во општината.
Иднината или ќе биде зелена или ќе ја нема!
Нашата свест и совест никогаш не биле поважни!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО ВОДИТЕ ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
ОПШТИНА ВЕЛЕС ЈКП ДЕРВЕН тел. 043/233-768