03.09.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 03.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Димитар Влахов, Нада Бутникошарева, Петре Прличко, Борис Трајковски, Љубљанска, Самоборска, Благој Ѓорев (од почеток до касарна), паркинг простор кај градски пазар (горен дел), Алексо Демниев, Кумановска, паркинг простор на ул. Оливер Китановски, ул. Оливер Китановски, плоштад Којник и 4 Јули.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева на дел од ул. Благој Ѓорев (од касарна до пазарче), Алексо Демниев, 8 Велешка бригада, Костурска, Пајак Планина, Мирка Гинева, околу споменикот на Алексо Демниевски – Бауман и во паркот пред Општина Велес.