04.09.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 04.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Димитар Влахов, Нада Бутникошарева, Петре Прличко, Лазо Осмаков со дел од Љубљанска, Благој Ѓорев (од почеток до касарна), Алексо Демниев, Христо Татарчев, Никола Карев, 11 Октомври, Индустриска (од спој со Благој Ѓорев до УЗУС), Панко Брашнаров, Стар мост, мост Гемиџии и кеј на р. Вардар.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева на пат од Жито Вардар до железничка станица, ул. Сараевска, Љубљанска, кружен тек на излез од градот, на повеќе локации во централното градско подрачје, како и косење на трева и кроење на зимзелени и цветни грмушки во Младинскиот парк.