05.09.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 05.09.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Димитар Влахов, уреден простор Народна кујна, Нада Бутникошарева, Благој Ѓорев (од почеток до пат за филтерна станица), Алексо Демниев, Наум Наумовски – Борче, паркинг простор кај градски пазар (горен дел), кеј на р. Вардар, Мало мовче, Стар мост, мост Гемиџии, комплекс УЗУС, дел од Индустриска, плоштад Којник, Самоборска и ул. Борис Трајковски.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева на дел од ул. Благој Ѓорев, дел од ул. Индустриска, и дел од паркот пред Општина Велес, како и кроење на зимзелени грмушки кај кружниот тек во централно градско подрачје. Овој сектор исто така работеше и на подготовка на терен за подигнување на нова зелена површина на ул. Методија Андонов – Ченто и на вадење корења и гранки од паднато дрво од речното корито на реката Вардар.