13.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 13.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, Благој Ѓорев (од почеток до касарна), Нада Бутникошарева, Петре Прличко, паркинг простор кај Градски пазар (горен дел), Алексо Демниев (од почеток до Жито Вардар) и пешачките патеки со летниковци на е. Младост.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева во паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот кај Офицерскиот дом, на детското игралиште во н. Тунел и долж каналот кај железничката пруга во н. Тунел. Исто така, трева се косеше и на триаголникот кај е. Младост.
Поради високите температури деновиве интензивно се наводнуваат сите паркови и јавни зелени површини.
Вработените од овој сектор работеа и на чистење на ситни отпадоци со помош на смукалка по патеките на паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот пред Гимназијата Кочо Рацин, Младинскиот парк и долж улицата Благој Ѓорев.