14.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 14.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, уреден простор Народна кујна, Петре Прличко, паркинг простор кај Градски пазар (горен дел), Алексо Демниев (од почеток до Жито Вардар), Стар мост, Мало мовче со галарија, кејот покрај р. Вардар, Благој Ѓорев (од почеток до касарна),и дел од ул. АСНОМ до надвозникот кај битолска пруга.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева во паркот пред гимназијата Кочо Рацин, уредување на жардинерите на плочникот кај Основен суд и отстранување на суви гранки на повеќе локации во градот. Вработените од овој сектор работеа и на чистење на ситни отпадоци со помош на смукалка по патеките на паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот пред Гимназијата Кочо Рацин, Младинскиот парк и долж улицата Благој Ѓорев.