15.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 15.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, уреден простор Народна кујна, Петре Прличко, Димитар Влахов, метење и перење на паркинг простор кај Градски пазар (горен дел), метење на ул. Благој Ѓорев (од почеток до касарна), Нада Бутникошарева, плоштад Којник и Самоборска.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева во Градскиот парк, на ул. Благој Ѓорев (кај касарната), и кај автобуската станица, како и кроење на зимзелени и листопадни грмушки и дрвја на ул. Живко Фирфов, и кроење на грмушки кај автобуската станица и на ул. Димитар Влахов. Вработените од овој сектор работеа и на чистење на ситни отпадоци со помош на смукалка по патеките на паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот пред Гимназијата Кочо Рацин, Младинскиот парк и долж улицата Благој Ѓорев.