17.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 17.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, уреден простор Народна кујна, паркинг простор кај Градски пазар (горен дел), Нада Бутникошарева, Петре Прличко, Димитар Влахов, Алексо Демниев (од почеток до Жито Вардар), Лазо Осмаков со дел од Љубљанска и ул. Христо Татарчев.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева на ул. 11 Октомври, Лазо Осмаков, дел од Луј Пастер, дел од Благој Ѓорев, кружен тек кај железничката станица и во Градскиот парк. Вработените од овој сектор работеа и на чистење на ситни отпадоци со помош на смукалка по патеките на паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот пред Гимназијата Кочо Рацин, Младинскиот парк и долж улицата Благој Ѓорев.