17.11.2010
На 15ти и 16ти Ноември, вработените од одделот Пумпни станици при РЕ Водовод и канализација извршија упешна поправка и монтажа на електро-моторен игличаст вентил, потребен за централно регулирање на протокот на вода на влез во резервоарот Р 8 „Гумење“, лоциран на ул. Питу Гули. Тој е еден од трите вентили за автоматска контрола на проток на вода кои се воведени во резервоари за водоснабдување како дел од осовременувањето на водоводната мрежа во градот.