22ри МАРТ – СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА
На иницијатива на Меѓународната асоцијација на вода и УНЕСКО во1993 година, во многу земји во светот 22 Март е прогласен за Ден на водата.
Водата е скапоцена затоа што без неа нема да постои живот. И покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја вода има во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење.
Како што бројот на населението во светот расте, се зголемуваат и потребите од вода за пиење.
o 1,1 милијарди луѓе на Земјата немаат константен пристап до здравствено исправна вода за пиење, а 2,4 милијарди немаат пристап до вода за одржување на хигиената ниту пак канализација.
o Во последниве 30 години земјоделското производство се зголеми за повеќе од 100%, а 3/4 од вкупно потрошената вода се троши за земјоделското производство.
o Недостатокот од вода значи несигурност во производството на храна, сиромаштија, глад и ширење на заразни болести.
Доколку сакаме сите да уживаме во нашите скапоцени резерви, мора да бидеме повнимателни како ги користиме.
Водата е скапоцена.
Ајде да ја заштитиме.
Во просек, секој човек во град Велес троши по 150л вода дневно! Но, може и помалку. Погледнете ги нашите совети за економично трошење на водата за пиење:
ВО ГРАДИНАТА
– При одржувањето на вашата градина, користете кофа а не црево за наводнување. При наводнувањето со црево се троши многу повеќе вода за време од еден час отколку што троши целото семејство на ден. И автомобилот може да се испере со кофи вода.
– Тревата може да опстане подолг период без да се наводни и брзо ќе се освежи при следниот дожд. Поставувањето на сечилата од косилката на повисоко ниво ќе помогне во спречувањето тревата да се исуши при топло време.
– Собирајте ја дождовната вода!!! Таа е одлична за вашата градина. Соберете ја од олуците во буре за вода и искористете ја за наводнување на вашата градина.
ВО ДОМОТ
– Осигурајте се дека вашето тоалетно казанче е исправно и дека никаде во домот нема цевка што протекува.
– Не ја трошете целата вода од тоалетното казанче наеднаш.
– Пуштајте ги машините за перење алишта или садови само кога се наполнети. Машината за перење троши и до 65 л вода, а машините за миење садови до 20л.
– Не оставајте водата од чешмата да тече додека ги миете забите. Затворањето на чешмата додека ги миете забите може да заштеди повеќе од 7.000 литри вода годишно
– Намалете го времето што го минете под тушот. Туширање со нормален млаз ќе потроши околу 35л вода за 5 минути, но внимавајте!!! Туширањето со силен млаз на вода ќе потроши повеќе од 125л за истото време.
ДА ЈА ШТЕДИМЕ ВОДАТА – СКАПОЦЕНА Е !!!