23.08.2018

Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 23.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, уреден простор Народна кујна, Нада Бутникошарева, Петре Прличко, Димитар Влахов, Алексо Демниев (од почеток до Жито Вардар), мост Гемиџии, Стар мост, ул. Борис Трајковски, Наум Наумовски – Борче со дел од Вардарска, Панко Брашнаров и комплекс УЗУС.

Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева во паркот кај Офицерскиот дом, косење и темелно чистење на Младинскиот парк и сечење на деградирани гранки од дрвја на ул. Димитар Влахов.

Градежната група при Одделението за планирање и развој работеше денеска на поправка на фонтана за пиење вода во паркот пред училиштето Васил Главинов, како и поправка и бетонирање на оштетените места на платото на Градскиот пазар.

Исто така, проверете

ИЗВЕСТУВАЊЕ 19.03.2020

ЈКП Дервен – Велес, поради состојбата со Корона вирусот (КОВИД-19) во државата, Ви соопштува дека …

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани, Во согласност со препораките од Министерството за здравство, Ве известуваме дека од денес, 12 …

Прекин на водоснабдувањето на ул. Архиепископ Михаил, дел од ул. Браќа Миладинови и дел од ул. Љубен Весов

Поради неопходни работни активности за отстранување на дефект на водоводна линија, денеска (18.10.2019 година), прекин …

Прекин на водоснабдувањето на ул. 8 Септември

Поради неопходни работни активности за одржување на водоводна мрежа, денеска (18.10.2019 година), прекин на водоснабдувањето …

Прекин на водоснабдувањето на ул. Белградска

Поради извршување на завршни работи околу реконструкцијата на водоводната линија на ул. Белградска, утре (15.10.2019 …