24.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 24.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, уреден простор Народна кујна, Нада Бутникошарева, Петре Прличко, Димитар Влахов, Алексо Демниев (од почеток до Жито Вардар), Наум Наумовски – Борче, Панко Брашнаров, комплекс УЗУС, паркинг кај градски пазар (горен дел), Никола Оровчанец, Благој Ѓорев (од почеток до пат за филтерна станица), плато пред зградата на Општина Велес, спој на ул. Благој Ѓорев со Алексо Демниев, Христо Татарчев, Никола Карев и 11 Октомври.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева во дворот на гимназијата Кочо Рацин (кај спортското игралиште), долж ул. Кумановска и ул. Оливер Китановски, на зелените површини пред рестораните Глориус и Розе сала, во паркот пред училиштето Васил Главинов и на дел од паркот пред Општина Велес, како и сечење на деградирано дрво на ул. Архиепископ Михаил.