Завршни активности на ул. Благој Јосмов
При реконструкцијата на 250м водоводна линија на улица Благој Јосмов на левата страна на градот, финансирана од проект на Европската банка преку Општина Велес, од страна на ЈКП Дервен заменети се сите куќни приклучоци и истите се поврзани на главната водоводна линија.
Исто така поставен е и надземен хидрант. Поставувањето на хидранти во овие делови на градот ќе продолжи при секоја можност за поставување на истите, се со цел да овозможиме услови за брза реакција на противпожарната единица при незгоди од пожар, особено во вакви средини каде тешко стигнува противпожарно возило.
Директорот на ЈКП Дервен денес ја посети оваа локација на која се работеше во изминатиот период и изврши увид на сработеното.
На крај останува обврската на фирмата “Делта пром” за завршните работи кои опфаќаат враќање на улицата во првобитната состојба.
Известување за промена на времето за собирање на комунален смет
Ги известуваме нашите корисници дека во текот на зимските месеци ЈКП Дервен почнува со собирање на смет еден час порано отколку во летните месеци, односно собирањето на комунален смет од домаќинствата наместо од 20.00 часот ќе се врши од 19.00 часот, па ги замолуваме граѓаните сметот од домаќинствата да го изнесуваат пред 19.00 часот, за да не се случи тој да не биде собран. Однапред благодариме.
Набавени две нови возила за собирање комунален смет
Со цел да се олесни собирањето на комуналниот смет од потесните градски улици, и потребата да се подобри капацитетот на возниот парк на Секторот Комунална хигиена, ЈКП Дервен набави две помали возила за собирање на смет од марката ИВЕКО Дејли, произведени во 2021 година, со капацитет од 5м3 непресуван отпад. Набавката е во вкупна вредност од 7.552.000 денари (со вклучен ДДВ), од сопствени средства на комуналното претпријатие.


Набавено ново специјално возило за собирање на смет
Во насока на заложбите на ЈКП Дервен за обнова на застарениот возен парк и нормализирање на собирањето смет од домаќинствата, што е еден од приоритетите на претпријатието, а за потребите на Секторот Комунална хигиена, набавено е ново комбинирано специјално возило – автосмеќар од марка Рено D280, кое е наменето за празнење на контејнерите од 5м3 и подземните контејнери. Набавката е од сопствени средства на ЈКП Дервен во висина од 5.800.000 денари без ДДВ.


Соопштение за јавност – Одбележување на 5 Јуни, Светскиот ден на животната средина
Општина Велес се приклучува во одбележувањето на 5ти Јуни – Светскиот ден на животната средина со организирање на следните настани:
- На 4ти јуни (петок) со почеток во 11.00 часот ќе се пушти во употреба новоизграденото езерце и новата зелена површина во Градскиот парк;
- На 5ти јуни (сабота) со почеток во 08.30 часот ќе се спроведе акција за чистење на јавните површини од отпад на потегот Стар мост – поранешен хотел Вила Зора.
Зборно место на учесниците во саботната акцијата е 08.30 часот на Паркинг Пармак.
Општина Велес ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат активно учество во настаните кои ќе се одржат. Нашата најдобра гаранција за иднината ќе биде нашето залагање и ангажирање за заштита на природата и за нејзино безбедно оставање во наследство на идните поколенија.
ОПШТИНА ВЕЛЕС
Акција за чистење – „Генералка викенд“
Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и „Пакомак“ Скопје, на 07. 08. и 09. мај ќе се одржи акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во повеќе општини во државата.
Организаторот има цел за секои 10 килограми собран отпад да биде засадено по едно дрво и да се формира шума што ќе расте секоја година со секоја ГЕНЕРАЛКА.
Делегацијата на Европска Унија годинава се вклучува во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД со нивната иницијатива „За чисто како дома исто“.
Општина Велес се приклучува на акцијата со организирање на следните активности:
| БР. | НАСТАН / АКТИВНОСТ | ЛОКАЦИЈА | ВКЛУЧЕНИ | ДАТУМ |
| 1 | Акција за собирањена габаритен отпад | Општина Велес | ЈКП „Дервен” | 5 (среда),6 (четврток) и 7 (петок) мај |
| 2 | Акција за собирањена селектиран отпад | ОЈУДГ „Димче Мирчев” | ОЈУДГ „Димче Мирчев” | 6 (четврток) и 7 (петок) мај |
| 3 | Акција за собирањена селектиран отпад | Општински основни училишта и ПОУ „Маца Овчарова” | ООУ и ПОУ „Маца Овчарова” | 7 (петок) мај |
| 4 | Граѓанска акција за чистењена јавни површиниод отпад | Шумски појас кон Сопот | Вработени во Општина Велес,ЈКП „Дервен”, граѓански организации и граѓани | 8 (сабота) мај |
| 5 | Акција за чистење на река Вардар од отпад | oстровче во река Вардар / Градски парк | ЗГ „Македонски спасител” и ЕГ „Грин Пауер“ | 8 (сабота) мај |
| 6 | Видео обраќање од Градоначалниккон младите | / | Градоначалник на Општина Велес и млади од НВО од Велес | 9 (недела) мај |
Централен дел на акцијата е “Чистење на шумскиот појас кон с.Сопот” која ќе се одржи на 8. мај (сабота) со почеток во 09.00 часот, во непосредна близина на велосипедската патека кон Сопот – дел од проектот „СМАРТ Езеро Младост“.
Општина Велес обезбеди организиран превоз.
Автобусите ќе тргнуваат:
– во 08.15 часот на автобуска постојка спроти „ПАН ТАКСИ”;
– во 08.30 часот на ул. „Гоце Делчев” спроти Основен суд.
Зборно место за учесниците кои ќе дојдат со сопствен превоз е раскрсницата кон с. Новачани и с. Сопот, во 09.00 часот.
Носењето маска и држењето дистанца се задолжителни.
Бројот на места во автобусите ќе биде ограничен согласно протоколите за заштита од КОВИД-19.
Општина Велес ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат активно учество со придружување до акцијата или со чистење на нивната непосредна околина.
Вашата акција можете да ја пријавите на: opve@veles.gov.mk
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОЛЕТНА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД
Почитувани сограѓани,
Поради кризната состојба предизвикана од вирусот Ковид-19, Пролетната акција за собирање на габаритен отпад ќе се спроведе исклучително во периодот од 6 Мај до 8 Мај 2021 година.
Ја имате можноста потребата за собирање на габаритниот отпад од вашите домови да ја пријавите во ЈКП „Дервен”, најдоцна до 5 Мај 2021 година (среда), секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот, на следните телефонски броеви:
– тел. 043/233-768,
– моб. 075/206-845, 076/274-000 (од 07:00 до 11:00 часот),
– моб. 075/303-168 (од 11:00 до 15:00 часот).
Под габаритен отпад се подразбира:
- Мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи;
- Санитарии: кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалетни школки, славини за вода, огледала;
- Градинарска опрема: огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи;
- Друг габаритен отпад: ролетни, тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.
Габаритниот отпад не го изнесувајте на јавни површини и не го оставајте до контејнерите за отпад пред да се обратите до ЈКП „Дервен”, туку прво закажете термин за собирање. Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна.
Ви благодариме за соработката!
Со почит,
Општина Велес и ЈКП „Дервен”
АПЕЛ: Плаќајте сметки за комунални услуги електронски
Поради состојбата со Корона вирусот во државата, ЈКП ДЕРВЕН – Велес ги потсетува сите граѓани дека како наши корисници бесплатно може да ги користат он-лајн услугите за: детална проверка на сметките за потрошена вода и електронско плаќање на доспеаните сметки за комуналните услуги.
За да можат да ги користат услугите потребно е да се најават (регистрираат) во системот на www.e-derven.mk. Плаќањето е без провизија, брзо, сигурно и едноставно on-line плаќање.
На овој начин граѓаните ќе избегнат посета на банки, пошти и наплатни центри.
За подетални информации и забелешки можете да не контактирате на:
support@jkp-derven.com.mk или на телефон 043/231-011 локал 134
За да можете да го користите системот за е-наплата потребно е да извршите регистрација и тоа со следните податоци:

Известување 01.04.2021
Ги известуваме нашите корисници дека поради сериозноста на епидемиолошката состојба во Општина Велес предизвикана од Корона вирусот, во периодот од 01.04.2021 година до 09.04.2021 година нема да работи благајната во Управната зграда на ЈКП Дервен. Граѓаните сметките за комунални услуги може да ги плаќаат електронски, на официјалната интернет страница на ЈКП Дервен: https://derven.mk/ , или во останатите наплатни центри во градот.