Паркови и зеленило
Сектор – Паркови и зеленило
Сектор – Паркови и зеленило
Основни дејности на сектор – Паркови и зеленило се:
- Подигнување, уредување и одржување на парковите во градот;
- Подигнување, уредување и одржување на скверовите во градот;
- Подигнување, уредување и одржување на дрворедите во градот;
- Уредување и озеленување на жардењери и нивно одржување;
- Уредување на парковите со парковски елементи и нивно одржување;
- Уредување и одржување на патеки, мостови и друго во парковски површини;
- Одржување на историски спомен одбележја на подрачјето на градот;
Начинот и интензитетот на одржувањето се менливи елементи и се во функција од климатските услови, потребите на градот, структурата на зеленилото, неговата распространетост, техничко технолошкиот развој на струката, расположивите финансиски средства и друго.
Во склоп на секторот “Паркови и зеленило” се врши и производство на цветен расад за потребите на цветните површини во градот како и дошколување на зимзелен и листопаден материјал и давање на сите други услуги кои произлегуваат од областа на хортикултурната и пејсажната структура, а во врска со одржувањето на зеленилото и парковите.
Исто така овој сектор врши одржување и подигање на зеленило и за потребите на објектите на ЈКП ДЕРВЕН како што се: првите заштитни зони околу бунарите, фабриката за вода, депонијата за смет и хортикултурно уредување на просторот на новите градски гробишта.