Се известуваат граѓаните дека поради неповолните временски услови сметот нема да се собира во ноќните часови како досега, туку преку ден, доколку улиците се пристапни за возилата на ЈКП Дервен. Во централното градско подрачје и понатаму ќе продолжи ноќното собирање на смет.
Ги известуваме жителите на ул. Белградска дека поради дефект на водоводна линија денеска ќе има прекин на водоснабдувањето од 10 часот до отстранување на дефектот. Се извинуваме за непријатноста.
Им се извинуваме на жителите на високите зони од градот поради неможноста за собирање на сметот од пред нивните домови, а како резултат на замрзнатите улици и непристапноста за возилата за собирање на смет, и воедно информираме дека штом ќе се создадат поповолни временски услови, услугата за собирање на смет од врата на врата ќе биде повторно воспоставена.
Благодариме за разбирањето.
Денеска, 08.12.2018 година, успешно се изведе акцијата во организација на Општина Велес за пошумување на локалитетот Вршник со засадување на 5.500 садници од багрем на површина од 3 хектари.
Во акцијата, освен вработените од Општина Велес, оштинските институции, Здружението “Акцијаш” и други здруженија на граѓани, активно учество земаа и вработените од ЈКП Дервен.
![]()
Ги известуваме жителите на улиците: Благој Ѓорев (од „Багремче“ до нас. Превалец), нас. Превалец, с. Оризари, нас. Керамидна и нас. Тунел, дека на 07.12.2018 год. (петок) ќе има прекин на водоснабдувањето од 8:00 до 14:00 часот поради поврзување на две постоечки секундарни линии на новата водоводна линија со профил 280мм и поврзување на истата со постоечката водоводна линија.
Почитувани сограѓани,
На 30.11.2018, откако го собрале комуналниот отпад од контејнерите од 1м3 на ул. Оливер Китановски, вработените на комуналното претпријатие забележале дека од товарниот дел на камионот (инаку новонабавено возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 22м3)почнало да излегува чад. Утврдено е дека несовесен граѓанин фрлил пепел со неизгаснат жар во контејнерот, што пак предизвикало палење на отпадот и штета на возилото.
Апелираме до граѓаните да не оставаат во контејнерите за отпад неизгаснат пепел, затоа што освен што се нанесува штета на возилата на комуналното претпријатие, имајќи во предвид дека возилото има резервоар со нафта од 200л. и дека се движи во населено место, при возење со запален отпад може да дојде до експлозија и можни човечки жртви.
Апелираме, во случај да забележите запален контејнер, да повикате противпожарна служба или да се јавите на дежурниот број на ЈКП Дервен: 076308038.
Благодариме однапред.
ЈКП Дервен
ЈКП Дервен, поточно Секторот Паркови и зеленило, деновиве привршува со реализација на Програмата за реконструкција и подигнување на нови зелени површини на територијата на Општина Велес за 2018 год. Голем дел од предвидените операции и активности на планираните локации се успешно реализирани, поточно:
1. Реконструирана е зелената површина на ул.Благој Ѓорев во населба Тунел, околу детското игралиште, на површина од 1650 м2, на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со обновување на тревната површина и засадување на 10 броја листопадни садници Betula verrucosa и 7 броја листопадни садници Catalpa bignonioides.
2. Реконструирана е зелената површина на ул.Благој Ѓорев во населба Тунел – сквер Багремче на површина од 890 м2, на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со обновување на тревната површина и засадување на 4 броја листопадни садници Acer palmatum и 5 броја листопадни садници Acer negundo.
3. Реконструирана е зелената површина на ул.Лазо Осмаков пред амбуланта Хигиенски на површина од 365 м2, на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со обновување на тревната површина и засадување на 1 листопадна садница Acer palmatum , 5 броја зимзелени садници Thuja Smaragd и 10 зимзелени грмушки Buxus.
4. Реконструирана е зелената површина на ул.Петре Прличко – парк Автобуска станица на површина од 1959 м2, на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со обновување на тревната површина и засадување на 13 листопадни садници Betula verrucosa и 5 броја листопадни садници Platanus acerifolia.
5. Реконструирана е зелената површина на ул.Димитар Влахов – зеленило од Пензионерски дом до Железен мост на површина од 882 м2, на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со обновување на тревната површина и засадување на 10 листопадни садница Morus alba pendula , 5 броја листопадни садници Robinia pseudoacacia Globosa и 20 зимзелени садници Chamaecyparis lawsoniana.
6. Подигната е нова зелена површина на ул.Андон Шурков на местото на дислоцирани времени објекти на површина од 300м2 на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со подигнување на нова тревна површина.
7. Подигната е нова зелена површина на ул.Христо Узунов на местото на дислоцирани времени објекти на површина од 160м2 на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со подигнување на нова тревна површина и засадување на 5 броја листопадни садници Acer psudoplatanus.
– На неколку локации во градот засадени се и:
1. Градски парк – Cedrus sp. 5 бр.
2. Младински парк – Magnolia 5 бр.
3. Парк Офицерски – Albizzia 10 бр.
4. Центар
– жардињери – Acer palmatum 3 бр.
– споменик Кочо Рацин – Acer palmatum 2 бр.
5.Центар
– комплекс банки – Picea sp 2 бр.
– Сквер Саат – Picea sp. 3 бр.
6. ул.Индустриска – Thuja Smaragd 6 бр.
Истовремено ЈКП Дервен на планираните локации засади и околу 35.000 броја цветен расад од видот Viola sp.
Цветниот расад и дендролошкиот материјал ги обезбеди Општина Велес.
Откако на 26 и 27 Октомври ЈКП Дервен го исчисти игралиштето кај Дервенски поток од насобраниот отпад од домаќинствата кој несовесни граѓани го фрлаат во каналот, денеска, само пет дена по чистењето, сликата изгледа вака:
![]()
Ги замолуваме граѓаните сметот од домаќинствата да го изнесуваат во определените денови за собирање на смет, на соодветно место, и да не го фрлаат сметот на игралиштето каде децата треба да играат и каде фрлениот смет може да предизвика зараза и болести. Благодариме.
Почитувани граѓани,
Општина Велес, ЈКП Дервен и Нула Отпад Скопје организираат есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема која ќе трае од 1 Ноември до 1 Декември оваа година.
![]()