ОГЛАСИ
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ПРЕБАРУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ НА ЈКП ДЕРВЕН ВЕЛЕС:
1. ГО КЛИКНУВАТЕ ПОЛЕТО ПРЕБАРУВАЈ
2. ВО ПОЛЕТО ДОГОВОРЕН ОРГАН ВНЕСУВАТЕ ЈКП ДЕРВЕН ВЕЛЕС
3. ПОТОА КЛИКНУВАТЕ НА ПОЛЕТО ПРЕБАРУВАЈ
СО ТОА ЌЕ ВИ СЕ ПРИКАЖАТ СИТЕ ТЕКОВНИ ОГЛАСИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ НА ЈКП ДЕРВЕН ВЕЛЕС
ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ
ЈКП Дервен е јавно комунално претпријатие кое се бави со низа комунални дејности што опфаќаат: зафат, обработка и дистрибуција на вода за пиење, одведување на фекални води и одржување на уличната канализација, собирање и одведување на смет, подигање и одржување на градско зеленило, одржување на градските пазари, одржување на градските гробишта и други пропратни комунални дејности. Претпријатието претставува јавен сервис за граѓаните од општина Велес во областа на комуналните услуги. Работните задачи и деловниот успех на ЈКП Дервен се базираат на постигнувањето задоволство кај корисниците на нашите услуги преку обезбедување на редовни, континуирани, сигурни и квалитетни комунални услуги и постојано одржување на нивото на квалитет на истите. Ние настојуваме да го постигнеме и задржиме задоволството кај нашите корисници и преку примена на стандардите за квалитет како и почитувањето на релевантните законски прописи и норми. Политиката за квалитет се спроведува на тој начин што постојаното подобрување на квалитетот се состои во секој дел од нашите активности во рамки на услугите што ги обезбедуваме за нашите корисници.
Политиката за квалитет се темели на:
– задоволство кај корисниците на нашите услуги
– развој на кадрите преку дополнително образование, напредување, создавање на добри услови за работа, зголемување на мотивираноста и чувството на припадност во околината
– одговорност спрема заедницата со одговорен однос спрема природните ресурси и заштита на животната средина и здравјето на луѓето, почитување на законите, прописите и стандардите, отвореност кон јавноста, право на пристап до информации и етика во работењето
– политика за развој и инвестиции преку постојано вложување во развој и одржување на работните системи и опрема преку примена на современи технологии и решенија
Спроведувањето на политиката за квалитет и нејзиното континуирано подобрување е обврска на раководниот тим како и на сите вработени во ЈКП Дервен.
Електронски услуги
[accordion] [acc_item title=”ЕЛЕКТРОНСКИ УСЛУГИ”]
МОЖЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ НЕКОЈ ОД ПОДОЛЕ НАВЕДЕНИТЕ УСЛУГИ
[/acc_item] [acc_item title=”БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊА РЕШЕНИЈА ЗА ПРИКЛУЧОЦИ И ДВОЕЊЕ ВО ШАХТА”]
1. Можност за ШАЛТЕРСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:
Барање за издавања решенија за приклучоци и двоење во шахта
2. Можност за ЕЛЕКТРОНСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:
[/acc_item] [acc_item title=”БАРАЊЕ ЗА ХИДРОТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА ИНДИВИДУАЛНИ ОБЈЕКТИ”]
1. Можност за ШАЛТЕРСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:
Барање за хидротехнички услови за индивидуални објекти
2. Можност за ЕЛЕКТРОНСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:
[/acc_item] [acc_item title=”БАРАЊЕ ЗА ХИДРОТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА”]
1. Можност за ШАЛТЕРСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:
Барање за хидротехнички услови за правни лица
2. Можност за ЕЛЕКТРОНСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:
[/acc_item] [/accordion]
СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ
ЦЕНОВНИК НА УСЛУГИ НА ЈКП ДЕРВЕН
Јавното комунално претпријатие ДЕРВЕН се финансира исклучиво од продажба на вода и извршени услуги. Важечки цени на услугите се следниве:
за домаќинства:
вода – 31,62 ден./m3 + 5% ДДВ
канализација – 5,01 ден./m3 +5% ДДВ
исфрлање на смет – 1,50 ден./m2 +5% ДДВ
исфрлање на смет по дворно место – 0,20 ден.
за претпријатија и дуќани:
вода – 63,05 ден./m3 + 5% ДДВ
канализација – 7,66 ден./m3 +5% ДДВ
исфрлање на смет – 3,50 ден./m2 +5% ДДВ
исфрлање на смет по дворно место – 0,50 ден.
за училишта и детски градинки
вода – 31,62 ден./m3 + 5% ДДВ
канализација – 5,01 ден./m3 +5% ДДВ
исфрлање на смет – 3,50 ден./m2 +5% ДДВ
исфрлање на смет по дворно место – 0,50 ден.
РЕ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА – НАДОМЕСТОКОТ ПО НОСИТЕЛ НА ГРОБНО МЕСТО ИЗНЕСУВА
За одржување на гробиштата:
• гробарина – 60 денари месечно
За доделување на гробно место:
• надоместок за гробно место со тампониран простор околу гробот – 9.000,оо денари
• надоместок за гробно место со поплочен простор околу гробот – 14.200,оо денари
• надоместок за доделување употреба на старо гробно место со отстапување на трети лица преку нотар и внесување во евиденција на новиот корисник – 1.000,оо денари
• надоместок за обележување и изработка на протокол за регулациона, градежна и нивелациона линија – 4.000,оо ден.
Надоместокот за пристап и користење на гробишна инфраструктура за носител на гробно место изнесува:
користење на ладилник – 50,оо денари /час
изложување на починат во мртовечница за верски обреди – 900,оо денари /час
користење сала за спомени на Раштанските гробишта – 700,оо денари /спомен
користење на мртовечница на Раштанските гробишта – 300,00 денари/спомен
Надоместок за пристап и користење на гробишна инфраструктура од страна на оператор на погрeбални услуги и на каменорезач изнесува:
– користење на ладилник – 50,00 денари/час
– изложување на починат во мртовечница за верски обреди – 900,00 денари/час
– користење лафет-количка за погреб – 200,оо денари /погреб
– влез на оператор на погребални услуги во гробиштата – 1.950,оо денари /погреб
– влез на каменорезачи: од 1 до 3 часа – 1.800,оо денари/час (цената важи за правни и физички лица кои поставуваат споменик), секој нареден час – 600,оо денари/час.
РЕ ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО
Надоместокот за одржување и користење на паркови и јавни зелени површини изнесува: 0,9 денари од м2 и за физички и за правни лица.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА СМЕТКИТЕ
Сметките може да се платат во сите експозитури на Македонска пошта, Стопанска банка, Тутунска банка, Комерцијална банка и во благајна во Управната зграда на ЈКП ДЕРВЕН.
За сите рекламации во врска со состојбата на водомерот, обратете се на шалтерот на инкасантите, секој работен ден од 7.00 – 8.00 часот, во холот на Управната зграда.
За примедби на сметка, обратете се на тел. 043 231-011, локал 134, или во Управната зграда на ЈКП ДЕРВЕН, соба бр. 37.
Собирање на габаритен отпад – 21.05.2011
![]()
Акцијата за собирање на габаритен отпад што започна минатата сабота, на 14.05.2011 година продолжува и оваа сабота, 21.05.2011 година.
За потсетување, граѓаните ќе можат да го оставаат габаритниот отпад пред сопствените објекти (се разбира доколку просторот тоа го дозволува и тоа не го попречува сообраќајот), а во спротивен случај треба да ги почекаат возилата за собирање смет од ЈКП Дервен и директно да го внесат отпадот во нив. За собирањето на овој вид отпад на граѓаните нема да им се наплатува.
Постојат ограничувања околу видот на отпад што може да се собира со оваа акција.
Граѓаните ќе можат да исфрлаат:
– делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија без стакло, пластични сандаци и гајби, алати, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарии.
Во отпадот што ќе се собира не спаѓаат:
– електронски уреди: телевизори, компјутери и слично, електрични уреди, салонитни плочи, автомобилски и тракторски гуми, гранки и зеленило, било каков течен отпад и амбалажа од пестициди.
Оваа сабота, со оглед на тоа што акцијата ќе се изведува по реони, габаритен отпад ќе се собира од следните улици:
Од месност долни дуќани:
- Д.Најдов
- С.Јанакиевиќ
- Р. Жинзифов
- Кирил и Методиј
- Б.Леов
- К.Охридски
- С.Петков
- М.Горки
- П.Трајков – ракчето
- П.Гули
- М.Милевски
- Г.Прличев
- Т.Саздов
- Ј.Џипунов
- М.Страчков
- Игманска
- Д.Груев
- Љ.Весов
- М.Апостолски
- В.Шолјев
- Титоваужичка
- Пирин планина
- К.Марко
- Бр.Миладинови
- Бр.Поп-Јорданови
- К.Зафиров
- Цар Самоил
- К.Ј.Питу
- К.Рацин
- В.Назор
- К.Неделковски,
И други улици кои гравитираат од десната страна по течението на реката Вардар.
Апелираме до граѓаните активно да се вклучат во акцијата и да ја искористат можноста да се ослободат од сите непотребни предмети од домаќинствата кои спаѓаат во габаритен отпад.
Озеленување на градот
Деновиве РЕ Паркови и зеленило работи на хортикултурно уредување на повеќе локации во градот.
Завршени се активностите во централното градско подрачје. Пред Основниот суд во постоечките жардињери се изврши дотур на земја, беше поставен систем за полевање и се засади зеленило и цветен расад. Кај „Јаворот“ хортукултурно беа уредени жардињерите со засејување на тревен и цветен расад.
На ул. Димитар Влахов, откако беа формирани жардињери, ЈКП Дервен изврши дотур на земја, а деновиве таму ќе се засади и соодветен дендролошки и цветен материјал.
На ул. Благој Ѓорев се вршат припреми за започнување со засадување на нов, летен цветен расад на местото на пролетниот. Во шаренилото од цветови и зеленило се издигнуваат и липите што минатата пролет беа искроени од страна на стручни лица од ЈКП Дервен и кои одлично се вклопуваат во жардињерите што се протегаат долж главната улица, давајќи му живот и боја на градот.
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Акција за собирање на габаритен отпад
Општина Велес и ЈКП „Дервен“ организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започнува во сабота, на 14.05.2011, а ќе се одвива во периодот од 8 до 18 часот секоја сабота во текот на месеците мај и јуни. Доколку има потреба, акцијата ќе продолжува и во ден недела.
Оваа акција претставува одлична можност граѓаните да се ослободат од непотребните предмети во домаќинствата кои се премногу габаритни за да бидат фрлени во контејнерите за отпад.
Граѓаните ќе можат да го оставаат габаритниот отпад пред сопствените објекти (се разбира доколку просторот тоа го дозволува и тоа не го попречува сообраќајот), а во спротивен случај треба да ги почекаат возилата за собирање смет од ЈКП дервен и директно да го внесат отпадот во нив. За собирањето на овој вид отпад на граѓаните нема да им се наплатува.
Постојат ограничувања околу видот на отпад што може да се собира со оваа акција.
Граѓаните ќе можат да исфрлаат:
– делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија без стакло, пластични сандаци и гајби, алати, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарии.
Во отпадот што ќе се собира не спаѓаат:
– електронски уреди: телевизори, компјутери и слично, електрични уреди, салонитни плочи, автомобилски и тракторски гуми, гранки и зеленило, било каков течен отпад и амбалажа од пестициди.
Акцијата ќе се изведува по реони, а граѓаните ќе бидат навремено известувани преку средствата за јавно информирање од кои улици ќе биде собиран габаритниот отпад во тековниот викенд.
Акцијата ќе започне со собирање на габаритниот отпад од улиците што се наоѓаат на левата страна од течението на реката Вардар, поточно од следните улици:
– Ганчо Хаџи Панзов,
– Родна Ивева,
– Орце Шутев,
– Ристо Најдов – Шајката,
– Јовче Ќучук,
– Славјанска,
– Богдан Каракостев,
– Благој Јосмов,
– Јован Наумов – Алабакот,
– Вера Циривири,
– Бошко Златанов,
– Киро Рогужаров,
– Петре Михов,
– Ѓорги Димитров,
– Иво Лола Рибар,
– Јане Сандански,
– Ѓорче Петров,
– Димитар Влахов,
– Петре Прличко,
– Маца Овчарова
– Киро Димов – витамин,
– Ордан Џинот,
– Боге Николов,
– Браќа Капчеви,
– Коле Цветков,
– Јовче Тикваров,
– Благој Кирков,
– Загребска,
– Прохор Пчински,
– Цветан Арсов,
– Славко Давчев,
– Стефан Богоев
и сите останати улици кои гравитираат од лева страна по течението на реката Вардар.
Апелираме до граѓаните активно да се вклучат во акцијата и да ја искористат можноста да се ослободат од сите непотребни предмети од домаќинствата кои спаѓаат во габаритен отпад.
Заради олеснување на акцијата се молат граѓаните габаритниот отпад да го пријават во ЈКП „Дервен“ на контакт телефонот 233-768
Започнува Пилот проектот за далечинско отчитување на водомерите
ЈКП Дервен деновиве ќе започне со изведба на 1та фаза од Пилот проектот усвоен од страна на Управниот одбор на претпријатието за поставување на механизми за водомери со опција за далечинско отчитување на еден реон од градската водоводна мрежа. Доколку овој проект покаже успешни резултати, претпријатието ќе продолжи со неговата изведба и кај останатите реони од градската водоводна мрежа.
Системот за далечинско отчитување на потрошувачката на вода значи и буквално читање на потрошувачката на вода во станбените објекти од далечина со помош на GPRS систем односно безжичен радиосистем.
ЈКП Дервен има идеја овој проект да го изведе во три фази.
Во првата фаза 130 водомери со далечинско отчитување пробно ќе се постават во Нова населба на дел од ул. Лазо Осмаков, Пајак Планина, Мирка Гинова, Осма Велешка Бригада и Костурска. Овој реон е избран бидејки претставува целина.
Работните активности од првата фаза на пилот проектот вклучуваат демонтажа на постоечките водомери и замена на механизмите со механизми приспособени за далечинско отчитување.
Во втората фаза од проектот на водомерите ќе се инсталира модулот со читач и радиопредавател кој за секој корисник ќе има идентификациски податоци. Идентификацијата вклучува име и презиме на корисникот, адреса, број на шифра на водомер и др. податоци за секој корисник одделно. Движејќи се по улицата, инкасантот во мини компјутерот ги добива сите податоци и состојби на корисниците кои се во опсег на читачот. Значи, користењето на овие водомери, вклучува и надградба со радиомодули и миникомпјутери за инкасантите, како и софтвер кој ја поддржува постоечката софтверска програма на претпријатието.
Замената на постоечките механизми за водомери со механизми за далечинско отчитување (водоинсталатерските работи) би се завршиле за приближно 20 работни дена (односно првата фаза од проектот), а инсталацијата на модулите и програмирањето (втората фаза од проектот) за приближно 16 работни дена и 5 дена пробна работа.
Во третата фаза од проектот ќе се изработи евалуација на резултатите од примената на новиот систем на отчитување. Зависно од евалуацијата ќе се премине на понатамошна изведба на проектот и кај останатите реони од градската водоводна мрежа.
Многу земји во ЕУ и надвор од неа се веќе вклучени во проекти со водомери со далечинско отчитување на ниво на демонстрација или на пошироко ниво. Постојат голем број на придобивки од примената на овие, таканаречени „паметни“ водомери.
- Една од предностите на примената на механизмите за водомери со далечинско отчитување е во тоа што инкасантите од ЈКП Дервен ќе можат за само неколку минути, од далечина, да измерат состојба на водомерите кај цела станбена зграда.
- Со воведувањето на овој систем ќе се овозможи читање на сметките секој месец, а не како досега, трипати во годината.
- Исто така, ќе се заштити приватноста на корисниците, заради тоа што нема да има потреба инкасантите да влегуваат во становите и таму да ја утврдуваат состојбата со потрошената вода.
- Уште една предност е тоа што во случај на оштетена инсталација и постојан проток на вода, овие механизми веднаш ќе дадат сигнал, по што инкасантите ќе можат да ги алармираат корисниците дека нешто не е во ред со нивната куќна инсталација и ќе се постигне да се намали непотребно потрошената количина на вода кај корисниците.
Намерата на ЈКП Дервен е во иднина сите потрошувачи да се префрлат на овој нов систем за отчитување. Онаму каде веќе постојат водомери, претпријатието ќе изврши замена бесплатно, а онаму каде нема, се разбира, трошоците ќе ги сносат самите потрошувачи.
Првата фаза од пилот проектот ќе го чини претпријатието околу 120.000 денари.
Доколку проектот покаже успешни резултати, претпријатието оваа година ќе изврши замена на мехнизми за далечинско отчитување кај 2.000 водомери.
Доколку постоечкиот водомер не одговара на новиот механизам, претпријатието бесплатно ќе постави нов водомер кај корисникот а стариот ќе му го врати, при што новиот водомер ќе биде сопственост на ЈКП Дервен.
Комуналците го исчистија Потокот
На 16.04.2011 заврши акцијата на РЕ Комунална хигиена при ЈКП Дервен за сезонско чистење на отворениот канал на ул. Јане Сандански, наречен „Потокот“ што започна на 13.04.2011, а што се спроведува повеќе пати годишно во согласност со Работната програма усвоена од страна на Советот на општина Велес.
Работните активности опфаќаа чистење на каналот од диво зеленило и насобран комунален смет и перење на истиот.
![]()
![]()
![]()
И оваа сезона проблем претставува фактот што несовесни граѓани го исфрлаат сметот од домаќинствата во каналот и за кратко време по чистењето тој се претвора во дива депонија од која се шири непријатна миризба и која претставува опасност за здравјето на луѓето. Детски играчки, пластични шишиња, стари обувки и облека, кеси полни со полураспадната храна и секаков отпад од домаќинствата беше насобраното ѓубре што го затекнаа екипите на ЈКП Дервен. Во последната акција за чистење на каналот оваа есен беа собрани околу 15 трактори смет, по што непријатната миризба веднаш прекина. Но до кога?
Само еден ден по завршувањето на акцијата, во каналот веќе може да се најдат пластични шишиња и ѓубре.