Пуштен во употреба новиот генератор за озон во Фабриката за вода

Фабриката за преработка на водата за пиење се снабдува со сирова вода од хидроакумулацијата Лисиче. При третман на површинските води потребно е да се воведат оксидациски и дезинфекциски процеси со помош на озон.
Фабриката располага со генератор за производство на озон од 1991 година. Во изминатиов период претпријатието не располагаше со резервен озонатор, а постоечкиот беше во лоша состојба поради застарената технологија на производство. Отежната беше и набавката на резервни делови, а годишните трошоци за одржување на системот изнесуваа од 10.000 до 15.000 евра.
ЈКП „Дервен“ набави озонатор за водата за пиење во Фабриката за вода, тип ДЕ НОРА ТПФ 37, вреден 12.500.000 денари (без ДДВ). Тој ќе го земени сегашниот дотраен 30 години стар озонатор.
Новиот генератор за производство на озон ќе обезбеди:
1. Намалени трошоци при производството на вода за пиење – новиот генератор за озон работи со помала моќност на електрична енергија 2. Намалени трошоци за одржување на генераторот за озон
3. Обезбедување на континуиран процес на производство на озон
4. Воведување на автоматска работа на генераторот за озон преку процесните инструменти и СКАДА системот, и секако, Квалитетна и безбедна вода за пиење во градот Велес.