Делење канти за отпад во с. Горно Оризари
Денеска (02.05.2019), во соработка со Општина Велес, се делат канти за отпад на ул. Партизанска и ул. Нонча Камишова во с. Горно Оризари.
Фарбање на клупи на сквер Панко Брашнар
Вработените од Секторот Паркови и зеленило денеска (15.03.2019) ги офарбаа клупите на сквер Панко Брашнар.
Пред:
Потоа:
Поправка на шахта на канализациона линија на ул. Д-р Панче Васков
Денеска, 21.02.2019 година беше поправена и нивелирана со патот шахта на канализациона линија на ул. Д-р Панче Васков во н. Речани.
Пред:
Потоа:
27.07.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 27.07.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, Петре Прличко, Димитар Влахов, Нада Бутникошарова, 11 Октомври – пазарче и Лазо Осмаков со дел од Љубљанска.
Освен редовните работни активности, овој сектор работи и на собирање на наноси на земја на ул. Васил Главинов и ул. Киро Ќучук.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева долж улица Оливер Китановски и ул. Лазо Осмаков, како и на детското игралиште во Градскиот парк.
Електронски услуги
[accordion] [acc_item title=”ЕЛЕКТРОНСКИ УСЛУГИ”]
МОЖЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ НЕКОЈ ОД ПОДОЛЕ НАВЕДЕНИТЕ УСЛУГИ
[/acc_item] [acc_item title=”БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊА РЕШЕНИЈА ЗА ПРИКЛУЧОЦИ И ДВОЕЊЕ ВО ШАХТА”]
1. Можност за ШАЛТЕРСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:
Барање за издавања решенија за приклучоци и двоење во шахта
2. Можност за ЕЛЕКТРОНСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:
[/acc_item] [acc_item title=”БАРАЊЕ ЗА ХИДРОТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА ИНДИВИДУАЛНИ ОБЈЕКТИ”]
1. Можност за ШАЛТЕРСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:
Барање за хидротехнички услови за индивидуални објекти
2. Можност за ЕЛЕКТРОНСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:
[/acc_item] [acc_item title=”БАРАЊЕ ЗА ХИДРОТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА”]
1. Можност за ШАЛТЕРСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:
Барање за хидротехнички услови за правни лица
2. Можност за ЕЛЕКТРОНСКО ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО:
[/acc_item] [/accordion]
Известување 01.02.2011
Ги известуваме нашите ценети корисници дека поради дефект на водоводна линија на ул. Владимир Назор, до 15:00 часот денеска, прекин во водоснабдувањето ќе има на дел од ул. Владимир Назор и дел од ул. Љубен Весов.
Благодариме за разбирањето.
Контактирајте не
[googleMaps lat=41.72099, long=21.77274, addoverview=0, label=”ЈКП Дервен Велес” width=100% height=400 ]
Постројка за третман на вода
Постројка за третман на вода – Како таа работи?
Како суровата вода се прочистува во постројката за третман на водата?
1. Примарна дезинфекција и оксидација
Во суровата вода се става озон (оксидација) и хлор што служат за уништување на микроорганизмите, бактериите и останатите вируси што можеби се присутни во водата.
2. Коагулација и флокулација
Суровата вода секогаш содржи цврсти честички, кои треба да се отстранат.
Коагулацијата е првиот процес и тој вклучува додавање на алуминиум сулфат во суровата вода. Моќни миксери ја мешаат оваа состојка во водата за период од околу 20 до 30 секунди, што предизвикува дестабилизација на цврстите честички.
Флокулацијата е групирање на дестабилизираните честички кои формираат потешки видливи честички нарачени „флок“. Овие честички стануваат се поголеми и потешки.
3. Седиментација (таложење)
Седиментацијата е најстариот познат метод за прочистување на водата и се користи веќе неколку илјадници години. Водата бавно тече во големи резервоари за таложење (таложници). Цврстите честички се таложат на дното на резервоарот каде формираат талог. Потоа талогот се отстранува од резервоарите.
4. Озонирање
По процесот на седиментација водата повторно се дезинфецира со помош на озон за да се постигне најголем степен на чистота на водата. Со овој процес се подобрува мирисот и вкусот на водата.
5. Филтрација
По процесот на озонирање, водата влегува во одделот со филтри, каде тече низ брзи гравитациски песочни филтри од фин кварцен песок. Преостанатите цврсти честички се отстрануваат со оваа фаза од процесот.
6. Дезинфекција со хлор
По процесот на филтрирање, водата се собира во резервоари за чиста вода каде се врши дезинфекција со мали количини хлор за да се обезбеди заштита на веќе прочистената вода од можно загадување во водоводната мрежа.
7. Третман со гасена вар
Пред водата да влезе во водоводната мрежа се додава гасена вар за да се подобри pH вредноста на водата за пиење. Така добиваме чиста и хигиенски исправна вода за пиење.




