Известување 18.06.2009
ЈКП Дервен ве известува дека на 22.06 и 23.06.2009 год. ќе се вршат работни активности на ул. „Прва Комуна“ заради промена на водоводен приклучок, односно прекоп на улицата, поради што во текот на овие два дена сообраќајот на „Прва Комуна“ ќе се одвива само на едната страна на улицата.
Би сакале да ве информираме дека заради безбедност на сообраќајот во текот на овие два дена на оваа улица ќе бидат поставени потребните сообраќајни знаци.